Откако го договори трансферот на Пепе, Арсенал почна преговори со фудбалер на Јувентус

by
1 минути читање

„Газета дело Спорт“ тврди дека Арсенал преговара со Сами Кедира од Јувентус, во моментов ги договараат личните услови.

Кедира има уште една година од актуелниот договор со Јуве, но добил дозвола од клубот за промена на средината. Италијанскиот шампион веројатно нема да бара голема сума за неговото заминување.

Но доколку се пресели во Арсенал тој ќе мора таму да игра за помала плата отколку таа што ја добива во Јувентус.

Сегашната плата на Кедира е шест милиони евра годишно, а Арсенал му нуди двегодишен договор со плата од четири милиони евра по сезона.

Преодниот рок во Англија трае до осми август, па Арсенал нема многу време за да ги заклучи планираните зделки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×