Роналдо: Не знам дали ќе освојам шеста Златна топка, тоа не ми е најважната работа

by
1 минути читање

Некои сметаат дека со преселбата во Јувентус Кристијано Роналдо си ги намали шансите за освојување на нови Златни топки. Него тоа не го интересира.

„Не знам дали ќе освојам шеста Златна топка, но најважна работа е мојата кариера да продолжи добро. Трансферот во Јувентус ми даде нова мотивација, ми беше потребна промена, но гладта за победи не ми недостасува. Сакам да продолжам на високо ниво“, вели Роналдо.

„Не ми беше лесно да го напуштам Реал Мадрид по толку долг период и на 33 години да отидам во друга лига како што е Серија А, со нови соиграчи“.

„Затоа мислам дека ја имав најдобрата сезона досега. Го освоив Скудетото, Суперкупот на Италија со Јуве, Лигата на нации со Португалија, па тоа се три трофеи за една година“.

Тој верува дека наскоро Јувентус ќе ја освои и Лигата на шампионите иако вели дека таа не е опсесија.

„Ќе се обидеме да ја освоиме Лигата на шампионите, но знаеме дека тоа е тешко натпреварување. Јувентус е кандидат, но има и други тимови кои се изградени за освојување како Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Сити“.

„Само еден може да освои, се надевам дека тоа ќе биде Јувентус. Како и да е Лигата на шампионите не е опсесија. Смирен сум бидејќи гледам како работиме секој ден и знам дека Јувентус ќе ја освои. Ако не оваа година, тогаш наредната“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×