Мегваер беше мирен, но почнал да го губи трпението, бара од клубот да го пушти во Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Мегваер се однесуваше професионално и максимално си ги одработуваше подготовките, но како се ближи крајот на преодниот рок во Англија тој го губи трпението.

Дефанзивецот е голема желба на Солскјер, но преговорите меѓу двете страни траат долго, Јунајтед не сака да ја плати бараната сума на Лестер.

Остануваат уште девет дена од преодниот рок во Англија, сумата која ја бара Лестер а која нема да ја плати Манчестер јунајтед е 90 милиони фунти.

Јунајтед има испратено понуда од 60 милиони фунти која е експресно одбиена, се верува дека наскоро ќе понудат 70 милиони фунти.

Лестер игра тврдо, но е под притисок, ризикува да го наруши односот со фудбалерот кој ако не е среќен може да падне во формата следната сезона, а тоа секако ќе се одрази и на неговата цена. 

Ако Лестер не попушти, можеби никогаш веќе нема да ги добие понудите за Магваер кои сега ги има.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×