„Има понуди, има интерес“ – Недвед проговори за иднината на Дибала и најавите за ангажман на Лукаку

by
1 минути читање

Аргентинецот често е дел од трансфер гласините на медиумите, името на Пауло Дибала се поврзува со Манчестер јунајтед, ПСЖ и Интер.

Се верува дека напаѓачот сака да остане и бара да разговара со Маурицио Сари, но лидерите на клубот го известиле дека е ставен на продажба и ќе замине доколку пристигне примамлив предлог.

„Има одредени понуди, има одреден интерес. Чекаме конкретна акција за да донесеме одлука“ – вели потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед на прашањето за иднината на Пауло Дибала.

Долго време се говори дека Мауро Икарди од Интер е главна желба за засилување на нападот, но во последните неколку денови актуелно е и името на Ромелу Лукаку.

„Освоивме осум Скудета во низа, па нашиот состав е прилично силен. Очигледно, се додека е отворен преодниот рок, ќе се обидеме да го засилиме тимот. Не сакам да навлегувам во детали и да говорам за конкретни имиња, но ајде да кажеме деа работиме на неколку засилувања“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×