Зидан остана без уште еден важен играч поради повреда, за Ауди Куп откажа и Бејл, бил под голем стрес

by
1 минути читање

По турнејата во САД, Реал Мадрид продолжува со подготовките за новата сезона со настап на Ауди Куп во Минхен каде утре ќе се сретне со Тотнем, а во среда ги чека нов дуел со Баерн или Фенербахче.

Зинедин Зидан објави список со 24 фудбалери кои ќе патуваат за Германија, а од комбинација отпадна Тибо Куртоа. Белгиецот има повреда и ќе паузира од две до три недели.

Во тимот го нема ниту Герет Бејл. Се говори дека Велшанецот самиот побарал да не игра бидејќи бил под голем стрес откако му пропадна трансферот во Џиангсу Сунинг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×