Ова лето има голема реконструкција на Сантијаго Бернабеу и беа потрошени преку 300 милиони евра на играчи како Еден Азар, Лука Јовиќ, Едер Милитао, Ферланд Менди и Родриго.
Се верува дека Пол Погба е последното делче од сложувалката на Зинедин Зидан, и доколку Флорентино Перез сака да му ја исполни желбата на тренерот, има уште 10 дена да го стори тоа.
И покрај тоа што „кралевите“ можат да пазарат до крајот на август, трансфер периодот на „островото“ е отворен до 8. август и „ѓаволите“ по овој датум нема да се разделат со Французинот бидејќи нема да можат да донесат замена.
Последните информации од Шпанија велат дека Реал Мадрид тргнал во офанзива и доставил понуда од 160 милиони евра, што е рекордна сума. Интересно оваа вест ја пренесе каталонскиот весник Спорт, кој го смести Пол Погба на својата насловна страна.
Останува да се види каква ќе биде иднината на Пол Погба, неговиот агент Мино Рајола уште пред неколку недели откри дека сите во Манчестер јунајтед, од тренерот па до лидерите на клубот, знаат дека играчот сака да замине.
