195
Флорентино Перез одлучил да не го продава Хамес Родригез и покрај тоа што од Зидан има зелено светло да се ослободи од фудбалерот.
„АС“ пишува дека Реал Мадрид го информирал фудбалерот дека нема да биде продаден, останува да се бори за место во тимот.
Дополнителна причина за ова е и повредата на Марко Асенсио кој ќе ја пропушти речиси цела сезона.
Хамес Родригез од денеска е на тренинг со Реал Мадрид откако доби продолжен одмор поради настапот со Колумбија на Копа Америка.
Наполи и Атлетико Мадрид беа најзагреани за потписот на Хамес, но сега ќе мора да се свртат кон други цели на трансфер пазарот.