„Кориере дело Спорт“ пишува дека „ДФаста“ бара оштета од Јувентус поради тоа што Роналдо не играше најмалку 45 минути на мечот во петокот.
Ѕвездата на Јувентус остана на клупата на мечот кој заврши 3-3 и беше жртва на една интересна прослава на противничките играчи.
Според договорот меѓу организаторот и Јувентус, Кристијано Роналдо требало да настапи на мечот.
Италијанскиот клуб по мечот му соопштил на организаторот „ДФаста“ дека Роналдо не можел да настапи поради неговата физичка состојба, бидејќи подоцна ги почна подготовките.
„Сакаме да им се извиниме на фановите за неиграњето на Роналдо поради проблеми со мускулот. Ќе обрнуваме повеќе внимание во иднина да не ги разочараме фановите на К Лигата“, изјави организаторот.
Според „Кореа Хералд“, „ДФаста“ бара финансиска компензација од Јувентус, бидејќи претходно не им било кажано дека Роналдо нема да игра.
Мечот беше проследен и со други проблеми, Јувентус во Сеул пристигна само седум часа пред почетокот на мечот. Поради гужвата во сообраќај натпреварот доцнеше 50 минути од планираното.