1,2K
Лукаку беше со Манчестер јунајтед на турнејата во Австралија и Азија но не настапи на ниту еден меч, Оле Гунар Солскјер тврдеше дека има повреда.
„Скај Спортс“ пишува дека повредата на Лукаку е ситна и тој ако треба може да настапи, но најверојатно нема да игра поради потенцијален трансфер.
За него интерес има од Јувентус и Интер, очекувањата се дека во престојната сезона ќе игра во Серија А.
Според „Би-Би-Си“, тој е поблиску до Интер кој ги продолжи разговорите со Манчестер јунајтед.
За Јувентус се шпекулираше дека го нуди Дибала како дел од понудата за Лукаку, но Аргентинецот сака да остане во Торино и да се бори за место во тимот.