Дали солзите на Бруно Фернандеш се најава за негов трансфер во Манчестер јунајтед? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Спортинг Лисабон синоќа играше пријателски меч против Валенсија кој го загуби со 2-1, а капитенот Бруно Фернандеш се расплака.

Се верува дека ова се солзи поради тоа што за последен пат го облече дресот на Спортинг Лисабон, веројатно е договорен трансферот во Манчестер јунајтед.

Се уште нема ништо официјално, но англиските медиуми пишуваат дека двата клуба си подале рака за сума околу 60 милиони фунти.

Бруно Фернандеш имаше фантастична сезона која го привлече вниманието на повеќе клубови, изгледа во следната ќе го носи дресот на Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×