170
И Наполи и Арсенал понудија по 80 милиони евра за Пепе, но во медиумите се појавија информации дека фудбалерот го одбрал англискиот тим.
Но, таквата вест не го откажува Наполи, напротив го мотивира да понуди уште повеќе за да го добие Пепе.
Се верува дека денеска Неаполците ќе достават нова, повисока понуда и ќе се обидат да ја добијат битката со Арсенал.
Никола Пепе важи за еден од најатрактивните фудбалери во овој преоден рок, од Наполи и Арсенал кој и да го добие ќе сруши клупски рекорд.
Се верува дека на почетокот од следната недела ќе бидат решени сите дилеми и ќе се знае кој ќе биде новиот клуб на фудбалерот.