Го поврзуваат со заминување, но Дибала сака да остане во Јуве

by
0 минути читање

Се шпекулира дека Дибала ќе замине од Јувентус во летниот преоден рок, некои пишуваат дека ќе оди во Тотнем, други дека ќе биде дел од трансферот на Лукаку.

Но според „Скај Спорт Италија“, Дибала сака да остане во Јувентус и планира да се врати порано од одмор со цел да почне да ги учи методите на Сари.

Според првичниот план Дибала на тренинг треба да се врати на 5 август, тој доцни поради настапот со Аргентина на Копа Америка, па доби продолжен одмор, но веројатно порано ќе пристигне во Торино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×