Арсенал нема пари за Заха, но има за Пепе, договорен е рекорден трансфер со Лил?!

by
1 минути читање

Клубот од Северен
Лондон наводно ова лето требаше да оперира со ограничен трансфер буџет од
скромни 45 милиони фунти, и токму ова се посочуваше како пречка при обидите на
Арсенал да го ангажира Вилфред Заха.

Кристал Палас
одреди висока цена од 80 милиони фунти, а Арсенал понуди двојно помалку односно
40 милиони фунти. „Топчиите“ потоа се обидоа да вметнат и неколку играчи во
зделката, но договор не падна.

Сепак, неколку
извори од Англија сега велат дека Емери ќе донесе засилување за офанзивата и
тоа за рекордна сума. Се работи за Николас Пепе од Лил, чиј трансфер треба да
изнесува 80 милиони евра (72 милиони фунти).

Двата клуба сега
треба само да ги договорат деталите односно динамиката на исплатата, а Арсенал
ќе треба да постигне и согласност со агентите на фудбалерот за висината на
платата и провизија која им следува.

Наполи исто така се договори со Лил за трансферот на Николас Пепе, но клубот од
Сан Паоло одбива да ги исполни барањата од таборот на фудбалерот. Репрезентативецот
на БСК сака годишна плата од 5 милиони евра, а неговите агенти инсистираат на
провизија која би се движела помеѓу 5 и 10 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×