161
Елиф Елмас нема
да излезе на мегдан со шампионот на Европа. Наполи утре ќе се сретне со
Ливерпул во Единбург и Карло Анчелоти денеска го објави списокот со играчи кои
ќе патуваат во Шкотска.
На него не се
најде името на Елиф Елмас, кој ќе остане во Димаро и ќе работи на фитнесот.
Македонецот оваа
недела конечно потпиша за „наполитанците“ по долги преговори па веројатно
заостанува малку зад своите нови соиграчи, кои повеќе од десетина дена веќе напорно
работат во тренинг кампот.