188
Серхио Рамос и неговите соиграчи беа понижени од Атлетико Мадрид откако загубија со убедливи 7-3. Иако се работи само за пријателски натпревар, разочарувањето е големо.
„Ова беше меч за продолжување на работата на подготовките, можеше да биде загубен на многу начини, но не и вака. Првиот дел беше ужасен. Резултатот беше многу лош“, вели Рамос.
„Не мислам дека немаме глад за успех. Амбицијата се уште е тука. Мора да заборавме што се случуваше минатата сезона и да почнеме од почеток. Овој пораз боли бидејќи загубивме на ваков начин од нашиот голем градски ривал“.
„За нас ова беше пријателски натпревар, а за Атлетико… ако видиме како играа, тоа за нив беше како финале“.