Додека се чека Анхел Кореа, Милан од Франција носи напаѓач од 35 милиони евра, договорен е трансферот на Рафаел Леао

by
1 минути читање

„Росонерите“
прават реконструкција на нападот, каде само местото на Криштоф Пјонтек е
сигурно. Патрик Кутроне е во преговори со Вулверхемптон, Андре Силва беше на
чекор до Монако но зделката пропадна во последен момент, а лидерите на клубот
се подготвени да се разделат и со Сусо и Кастиљехо доколку пристигне примамлива
понуда.

Анхел Кореа од
Атлетико Мадрид се најавува како големо засилување, но во меѓувреме е договорен
уште еден напаѓач.

Неколку извори од
Франција вечерва пренесоа дека Милан си подал рака со Лил за ангажман на Рафаел
Леао. Л’Екип и Радио Монте Карло објавија дека младиот Португалец на Сан Сиро
треба да пристигне за 35 милиони евра. Лил исто така ќе добие и
голем процет (се шпекулира за 20%) од следната продажба на играчот.

Како дел од
зделката, Милан на Лил ќе му го продаде младиот дефанзивец Тиаго Џало за 5
милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×