Често се пишува
за иднината на Герет Бејл изминативе денови, напаѓачот не е дел од плановите на
Зинедин Зида и летово треба да замине од Мадрид.
Велшанецот се
поврзува со преселба на Далечниот Исток и лукративна понуда од клубови од Кина.
Во прв момент се говореше за рекордна плата од 1 милион евра неделно, односно
над 50 милиони евра годишно.
Потоа извештаите
велеа дека првата понуда сепак била смешна и на Реал Мадрид му биле понудени 22
милиони евра како обештетување а на Герет Бејл договор вреден 17 милиони евра
по сезона, предлог кој секако не бил прифатен.
Вечерва Марка
излезе со нова сторија и објави дека Герет Бејл е на чекор до Џиангсу Сунинг.
Весникот пишува дека се пеглаат последните детали и Велшанецот треба да потпише
тригодишен договор кој ќе му гарантира најмалку 66 милиони евра.