Ги дочека своите пет минути слава, прослави во стилот на Роналдо пред очите на ЦР7 па му побара дрес (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Старата дама“
попладнево го одигра последниот натпревар на турнејата во Азија, и ги одмери
силите со Ол-стар тимот од првенството на Јужна Кореја.

Публиката во Сеул
уживаше во интересно реми со шест погодоци но не доби прилика да ја види
најголемата ѕвезда, Кристијано Роналдо на терен.

Сепак, за малку
шоу се погрижи Сесиња, Бразилецот откако постигна гол за водство од 2-1 на
Ол-стар тимот, ги повика своите соиграчи да ја копираат фамозната прослава на
Кристијано Роналдо, и тоа токму пред очите на ЦР7.

Камерите веднаш
го дадоа Португалецот во кадар, кој со насмевка на лицето ја проследи целата
ситуација.

По крајот на
првиот дел, двајцата се сретнаа пред тунелот, се прегрнаа а Бразилецот оваа
прилика ја искористи за да го побара дресот на Кристијано Роналдо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×