925
Фабрегас во наредните шест месеци нема да може да вози бидејќи судот му ја одзема возачката.
32-годишниот фудбалер кој сега игра за Монако, не се појави во судот во Лондон.
Обинителот Лук Бојер на судот му пренел дека на 4 декември минатата година полицијата го сопрела Фабрегас и го казнила поради брзо возење. Тој возел 68 милји на час каде што било дозволено 40. Фудбалерот на полицијата им велел: „Не возев толку брзо“.
Претставникот на Фабрегас во судот, Натали Бирд во името на фудбалерот понуди извинување и каење за прекршокот кој како што вели бил резултат на моментален пад на концентрацијата.
Одземањето на возачката е како резултат на тоа што Фабрегас и претходно имал казнени поени.