Четири победи од
исто толку мечеви за избраниците на Оле Гунар Солксјер на подготовките за
новата сезона. Манчестер јунајтед попладнево со 2-1 триумфираше над Тотнем во
Шангај.
Резултатот го
отвори Антони Марсијал во 21. минута, но голот оди на душа на голманот Газанига,
кој дозволи на првата статива топката да му мине низ нозе.
Лукас донесе
изедначување во 65. минута. Бразилецот добро се снајде на врвот од
шеснаесетникот, но имаше и доста среќа откако неговиот удар закачи еден играч, топката
го промени правецот и го измами Ромеро за 1-1.
„Ѓаволите“ сепак
го имаа последниот збор, по едно одлично двојно проигрување помеѓу Хуан Мата и
Анхел Гомес во 80. минута падна нов гол. Тинејџерот, кој важи за еден од најперспективните играчи во
акедмијата на Манчестер јунајтед и му е кумашинче на Нани, остана смирен,
брилијантно финишираше по земја од тесен агол и донесе победа.