Агентот на Милинковиќ-Савиќ е во Манчестер, преговорите влегуваат во завршна фаза

by
1 минути читање

Според „Газета дело Спорт“, агентот на СМС, Матеја Кежман добил дозвола да ги дефинира деталите за преселбата на српскиот фудбалер на Олд Трафорд.

Весникот тврди дека договор начелно е постигнат, Манчестер јунајтед ќе плати 75 милиони евра веднаш, 5 милиони евра ќе бидат во лесно достижни бонуси, и уште 10 милиони евра во потешко достижни бонуси.

24-годишниот фудбалер се договорил за годишна плата од 5,4 милиони евра.

Доаѓањето на Кежман во Манчестер дава смисла на фактот што Ед Вудворд не отпатува со тимот на подготовките, туку остана за да преговара за трансфери.

Се верува дека со доаѓањето на Милинковиќ-Савиќ ќе се отвори вратата за Погба кој полесно ќе ја добие дозволата за заминување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×