Официјално: Несторовски и Трајковски се слободни фудбалери, можат да си бараат нови клубови

by
0 минути читање

Откако беше одбиена жалбата на Палермо за останување во Серија Б, логична последица беше и ослободување на фудбалерите од договорите.

Клубот е префрлен во Серија Д, а сите играчи се ослободени од обврските кон Палермо и можат да си бараат нови клубови.

Фудбалската федерација на Италија потврди дека играчите на Палермо се слободни. Сега откако е официјално, македонските репрезентативци најверојатно наскоро ќе пронајдат нови ангажмани.

Илија Несторовски силно се поврзуваше со Удинезе, додека Александар Трајковски со Милан и Спортинг Лисабон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×