Волвс е сосема солиден тим во Премиерлигата, но ова лето покажува уште поголеми амбиции.
„Скај Спорт Италија“ информира дека Волвс разговарале со спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи за можен ангажман на Сами Кедира и Моизе Кин.
Сами Кедира не е во плановите на Сари и тој сигурно ќе го напушти шампионот, а Кин кој важи за голем талент треба да биде поскапо засилување на Волвс.
Се шпекулира дека Јувентус би го продал Кин само со опција повторно да можат да го вратат, на Волвс веројатно нема да му пречи тоа, па зделката е сосема извесна.
Покрај Кедира и Кин, Волвс се поврзува и со Рубен Диас и Кутроне.
Доколку успеат во своите намери да ги ангажираат засилувањата кои ги посакуваат ќе направат интересен тим.