158
Резултатот беше отворен уште во четвртата минута кога главната ѕвезда на Спортинг, Бруно Фернандеш биеше од голема далечина, Мињоле киксираше и топката заврши зад неговиот грб.
Резултатот беше изедначен во 20. минута кога Ориги се најде на вистинското место и искористи една одбиена топка. Пред крајот на првото полувреме Вајналдум реализираше за комплетен пресврт и водство на Ливерпул од 2-1.
По само осум минути игра во второто полувреме Вендел го изедначи резултатот на 2-2, што беше и конечен исход.
Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски остана во Лисабон каде се рехабилитира од последната повреда.