490
Македонецот вчера
ги помина редовните лекарски прегледи, позираше во боите на Наполи и доцна
вечерта им се приклучи на своите нови соиграчи во тренинг кампот во Димаро
Елиф Елмас излезе
и со првата изјава, вели дека е среќен и возбуден од новата авантра и најави
дека ќе им покаже на сите колку вреди.
„Навистина сум среќен
и возбуден што ќе играм во Наполи. Ова е мојата голема шанса, предизвик да им
покажам на сите колку вредам“ – вели Елиф Елмас кој со зделката од 16+3 милиони
евра стана рекордна продажба на Фенербахче и рекорден трансфер за македонски
фудбалер.