Асенсио заработи повреда која може да му ја уништи сезоната

by
1 минути читање

Асенсио беше стрелец на гол на мечот меѓу Реал Мадрид и Арсенал кој заврши 2-2, а на пенали славеше кралскиот клуб. Но шпанскиот фудбалер во 65. минута излезе од игра поради повреда која може да му ја уништи сезоната.

Асенсио го повреди левото колено, се стравува дека може да се работи за скинати лигаменти поради кои се паузира најмалку шест месеци.

Сликата беше тажна, Асенсио веднаш почна да плаче, а лекарите брзо го однеле во болница. Точната дијагноза ќе се знае по деталните тестови, но се стравува од најлошото.

„Загрижени сме за ситуацијата на Марко. Има проблем со коленото, има ужасна болка. Веднаш отиде во болница, кога ќе завршат сите тестови ќе имаме точна информација“, изјави Зидан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×