Гризман има среќа што не заработи тешка повреда на дебито, Челси ја совлада Барса во Јапонија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во Саитама, во
рамките на Ракутен Куп, Челси ја доби пресметката со Барселона и триумфираше со
2-1. За „каталонците“ ова беше прв тест ова лето и шанса за први минути за
новајлиите Антоан Гризман, Френки Де Јонг и Нето.

Мешаниот состав
на Валверде добро се држеше се до 34. минута, кога Бускетс погреши во опасната
зона, топката стигна до Абрахам и младиот напаѓач на Челси го помина Тер Штеген
и реализираше за 1-0.

Во продолжението
од мечот беа направени многу измени па немаше високо темпо и атрактивен фудбал.
За вториот гол се чекаше дури до 81. минута кога Баркли доби малку повеќе
простор и прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за 2-0. Иван Ракитиќ во
првата минута од судиското надополнување ги постави конечните 2-1.

Антоан Гризман,
кој на теренот помина 45 минути можеше да заработи тешка повреда откако Жоржињо
му влезе невнимателно со отворен ѓон, но за среќа 120 милиони евра вредното
засилување помина без последици.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×