426
Поради Мино
Рајола, Барселона ја изгуби битката за ангажман на Матајс де Лихт, а
контроверзниот агент сега им зададе нов удар. „Каталонците“ останаа без еден од
најголемите таленти во својата школа.
Се работи за 16
годишниот Чави Симонс, кој се најавува како следното големо нешто. Вундеркиндот од Холандија
девет години беше дел од академијата на Барса, на маса имаше предлог за
продолжување на соработката, но Мино Рајола знае дека има нов бисер и побара
многу пари.
Лидерите на
„каталонците“ исто како во случајот на Де Лихт одбија да платат повеќе и да ја
наруштат структурата на плати, па Чави Симонс сега се очекува да потпише за
ПСЖ.