191
Фекир е нов фудбалер на Бетис за сума од околу 20 милиони евра. Во договорот има вметнато и бонуси кои достигнуваат до 12 милиони евра, а Лион има 20 проценти од следниот трансфер.
„Реал Бетис постигна договор со Олимпик Лион за трансфер на играчот од средниот ред Набил Фекир. Францускиот играч потпиша договор до 2023 година“, стои во соопштението на Бетис.