Документите до
кои се дојде преку „Фудбал ликс“ му направија проблем на Португалецот откако се
откри дека тој и исплатил 375.000 долари на девојка од САД за да молчи. Долго време се
говореше дека најверојатно се работи за силување, а минатата година конечно се
огласи и Катрин Мајорга, девојката со која фудбалерот се забавувал во Лас Вегас.
Таа опиша како
имала сексуален однос со ЦР7 без да даде согласност и достави тужба.
Полицијата повторно ја отвори истрагата од пред десет години и дури побара ДНК од играчот на
Јувентус.
Сепак, целиот
случај заврши уште пред да започне. Обвинителството излезе со соопштение и
откри дека се откажува од процесот бидејќи нема доволно докази со кои ќе се
докаже дека Кристијано Роналдо ја силувал Катрин Мајорга.
Од обвинителството
посочуваат дека девојката со тоа што не го открила името на Португалецот во прв
момент, и не обелоденила повеќе детали во 2009, придонела да бидат изгубени важни докази.
@LasVegasDA Declines to Prosecute 10-year-old Sexual Assault Allegation Against Cristiano Ronaldo. @ClarkCountyNV pic.twitter.com/XXdc8D9Plk
— Clark County DA (@LasVegasDA) July 22, 2019