Пандев и еден куп легенди во спотот со кој Наполи ги кани навивачите да купат сезонски билет, место нема за Сари и Игуаин (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Наполи на социјалните мрежи ги повика своите фанови да купат сезонски билети. Во видео материјалот кој беше објавен се појавија сегашните ѕвезди но и легенди како Марадона, Кавани, Лавеци, Хамшик и нашиот Горан Пандев.

Сепак место немаше за две имиња кои изминативе години оставија голем печат на Сан Паоло, Гонзало Игуиан и Маурицио Сари. Двајцата сега се дел од Јувентус, за „наполитанците“ ова е предавство па затоа нема ни трага ни глас од нив во спотот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×