Елмас сепак утре ќе го комплетира трансферот во Наполи

by
0 минути читање

Иако првичните информации беа дека Елмас денеска ќе пристигне во Неапол и ќе го почне комплетирањето на трансферот, тоа сепак ќе се случи утре.

„Скај Спорт Италија“ информира дека договор е постигнат и Елмас утре ќе биде подложен на медицински тестови по кои ќе стави потпис на договор со Наполи и ќе му се приклучи на тимот кој се подготвува за новата сезона.

Трансферот на Елмас изнесува околу 15 милиони евра.

Тој веќе се збогува со Фенербахче и ги напушти подготовките на турскиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×