Анчелоти: Елмас е многу интересен фудбалер, наскоро ќе го имаме

by
0 минути читање

Елмас во наредните денови треба да го официјализира трансферот од Фенербахче во Наполи.

Тој денеска се збогуваше со турскиот клуб и се очекува од утре да биде во Неапол, да ги помине медицинските тестови и да стави потпис на договор со италијанскиот клуб.

„Многу сме блиску до ангажман на Елмас се надеваме дека се ќе се заврши брзо. Тој е многу интересен фудбалер, остануваат уште детали за трансферот да се реалиира. Се надеваме дека ќе дојде тука пред да заминеме за Трентино“, вели Карло Анчелоти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×