Се чини дека
сагата околу иднината на Давид Де Хеа е пред самиот крај, откако на Островот
известија дека шпанскиот чувар од голот на Манчестер јунајтед веќе се договорил
со тој клуб за продолжување на соработката и потпис на нов договор.
Според информациите
кои ги објави „Телеграф“, се вели дека новиот договор на Де Хеа ќе го обврзе
Шпанецот на верност со тимот од „Олд Трафорд“ до 2025. година, а со истиот ќе
има неделна плата од околу 375,000 фунти.
Сумата која ја
спомена „Телеграф“ е речиси двојно повисока од моменталната плата на Шпанецот
која изнесува 200,000 фунти, а доколку се остварат најавите на Островот, 28
годишниот Де Хеа ќе стане најскапо платениот голман во светот на фудбалот.
Постоеа големи
шпекулации околу иднината на Де Хеа, кој има уште една година од својот
актуелен договор со Манчестер јунајтед, а како најсериозен клуб за неговиот
потпис се споменуваше ПСЖ.