Кејн со гол од половина терен му пресуди на Јувентус! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Финалистот од
Лигата на шампионите во минатата сезона, екипата на Тотнем во еден исцрпувачки
меч славеше победа од 3-2 над Јувентус на стартот од интернационалниот
шампионски куп како дел од претсезонските подготовки.

Доста интересно и
возбудливо беше на контролката во Сингапур, а прв во водство дојде
Премиерлигашот со голот на Ламела во 30. минута, со тој резултат се замина на
паузата, но, по неа следеа четири погодоци, односно, по два на обете страни.

Игуаин во 56.
минута погоди за израмнување, а Роналдо четири минути подоцна го донесе
Јувентус во водство од 2-1.

Сепак, Тотнем
повторно се врати откако Мура во 65. минута израмни на 2-2, а голот на Кејн од дури половина терен во
завршницата донесе и победа за Премиерлигашот.

Како едно мало појаснување за ремек делото од половина терен, во тие моменти на голот на италијанскиот првак беше Шчесни, кој во 69. минута влезе на теренот на местото на Буфон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×