Гризман: Знам дека ќе има свирежи кон мене…

by
1 минути читање

Антоан Гризман е
во Барселона, неговата сага ова лето заврши па долго најавуваниот трансфер на „Камп
Ноу“ се официјализира, поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид во интервју за „Марка“
проговори за тоа што се случувало во моментите кога работата веќе била завршена,
а самиот тој посочи дека нема да биде изненадување да добие свирежи на „Ванда
Метрополитано“.

Прво што
направив, му се јавив на мојот татко, почнав да плачам од среќа бидејќи јас бев
таму, се
беше завршено. Јас
во тие моменти бев со моите пријатели, мојата сопруга и моите деца, тоа беше
неверојатен момент
“ открива Французинот кој вели дека не би го загрижило
враќањето на „Ванда Метрополитано“, од каде сигурно ќе очекува свирежи.

Не ме загрижува
воопшто, знам дека ќе има свирежи, тоа е дел од фудбалот, тие ме сакаа на
вистински начин, кога некој ќе си замине тоа знае да боли, тоа е исто како со
Реал Сосиедад, моето враќање таму воопшто не беше лесно, но, секогаш ќе ги имам
Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид во моето срце, тие ми дадоа премногу
“ додава
Французинот.

Во интервјуто
Гризман говори и за прекрасната можност да се игра во друштво на Лионел Меси, а
не ја криеше својата воодушевеност што играл под кормилото на Диего Симеоне, за
кого имаше само пофални зборови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×