„Срамен однос на Зидан, не покажува почит за играч кој направил толку многу за Реал Мадрид“

by
1 минути читање

Реал Мадрид со 3-1 загуби од Баерн Минхен во пријателски меч, а Герет Бејл не доби шанса за настап и покрај тоа што Французинот на теренот извади речиси два различни тима.

По натпреварот Зидан за Бејл рече дека колку побрзо си замине Велшанецот толку ќе биде подобро. На ова реагираше агентот на фудбалерот.

„Зидан е срам, тој не покажа почит за фудбалер кој направил толку многу за Реал Мадрид“, вели агентот Барнет.

Запрашан дали Бејл е блиску до заминување од Реал Мадрид, тој изјави: „Работиме на тоа“.

„Ако Герет Бејл си оди, тоа ќе биде затоа што тој сака така, а не затоа што Зидан или Реал Мадрид ќе го избркаат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×