Дополнително се комплицира трансферот, Нејмар ако се врати во Барса година ипол нема да види ништо од платата

by
1 минути читање

Нејмар сака да
замине од Париз ова лето, прва желба му е да се врати на Камп Ноу, но
трансферот воопшто не е лесен. ПСЖ бара многу пари, а Барса не сака да плати
ништо и нуди играчи во замена.

Зделката
дополнително ја комплицираат и даночните власти од Шпанија, кои пресметале дека
Бразилецот им должи речиси 35 милиони евра.

Па тие веќе ја
известиле Барселона дека секоја сума што ќе треба да му ја исплатат на Нејмар
треба да заврши на нивна сметка се додека не се подмири долгот. Во случај Нејмар да потпише за „каталонците“, платата
што тој ќе ја добива автоматски ќе оди на сметка на даночните власти.

Медиумите шпекулираа
дека Нејмар и Барселона наводно си подале рака за плата помеѓу 22 и 24 милиони
евра, па при ваква сума, тој година ипол нема да види ништо од платата.

Даночните власти
исто така „ставиле рака“ и врз неисплатените бонуси во изност од 26 милиони
евра кои Нејмар си ги бара преку суд. Во случај напаѓачот да го добие спорт,
тој нема да види ниту евро бидејќи даночните власти преку присилна наплата ќе
ги соберат за да покријат дел од сумата од 35 милиони евра која тие си ја
бараат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×