Реал ќе добие 14,5 милиони евра без да продаде играч, Атлетико ја донесе замената за Лукас Ернандез

by
1 минути читање

„Колчонероси“
донесоа уште едно засилување, се работи за перспективниот Марио Ермосо од
Еспањол. 24 годишниот Шпанец е централен дефанзивец кој добро се снаоѓа и како
лев бек, со што практично е замена за Лукас Ернандез, кој беше продаден на
Баерн Минхен за 80 милиони евра.

Атлетико Мадрид
за услугите на Марио Ермосо ќе плати 25 милиони евра, плус додатни 4 милиони
евра во лесно остварливи бонуси. Еспањол исто така ќе добие и 20% од следната
продажба.

Од зделката добро
ќе се офајди и Реал Мадрид, од чија школа потекнува дефанзивецот. На
„кралевите“ им следува 50% или 14,5 милиони евра.

Клубот од
Сантијаго Бернабеу имаше опција да го врати Марио Ермосо за 7,5 милиони евра,
но Реал не се реши на еден ваков потег бидејќи играчот не бил по мерак на
Зидан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×