225
По седми пат во својата историја, Нигерија се радува на бронза од КАН. Вечерва „орлите“ беа далеку подобар противник од Тунис во мечот за трето место, но славеа само со минимални 1-0.
Голот падна рано, уште во 3.та минута и тоа по едно недоразбирање помеѓу голманот Шерифиа и дефанзивецот Мериах. Двајцата тргнаа на една нафрлена топка, па наместо рутински да ја исфрлат, му наместија гол на Игало.