Рог се сели во Каљари и ја отвара вратата за трансфер на Елмас во Наполи, Македонецот на лекарски прегледи во сабота

by
1 минути читање

Трансферот на Елиф Елмас во Наполи е во завршна фаза и може да биде комплетиран до крајот на неделава. Клубот од Сан Паоло пред да го донесе Македонецот сака да се ослободи од Марко Рог и според пишувањата на Скај Италија, Хрватот е на чекор до Каљари.

Неколку клубови беа заинтересирани за репрезентативецот на „коцкестите“, но „сардинијците“ доставиле најдобра понуда. Фудбалерот од средниот ред ќе се пресели во Каљари на позајмица вредна 2 милиони евра, со обврска во целост да биде купен за додатни 13 милиони евра.

Со ова се отвараат вратаите на Сан Паоло за Македонецот и веќе се закажани лекарски прегледи за во сабота. Елиф Елмас треба да го чини Наполи 16 милиони евра, плус уште неколку додатни милиони во бонуси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×