Шефот на
стручниот штаб на англискиот првак Манчестер Сити, Пеп Гвардиола индиректно
посочи дека клубот нема да му стои на патот на Лерој Сане доколку тој сака да
си замине, за неговите услуги интерес веќе одреден период интерес пријавува
Баерн Минхен.
Се шпекулира дека
офанзивецот не е среќен во редовите на Манчестер Сити, а Баерн Минхен наводно
подолг период е во исчекување на дефинитивниот одговор на Сане за тоа дали сака
да си замине од Островот или не.
Германецот има
уште две години од неговиот договор со Манчестер Сити, а Пеп Гвардиола запрашан
за ситуацијата со фудбалерот, беше јасен и конкретен во својот одговор, тој вели
дека постојано укажува во клубот дека сака сите да бидат среќни, а кои не се,
ќе си заминат.
„Клубот веќе
имаше понуда до него лани, сакаме луѓето кои се тука да бидат среќни, ќе се
обидеме да му помогнеме на најдобар можен начин што знаеме за да го оствари
својот потенцијал“ вели Пеп.
„Желбата да го
имаме со нас секогаш постои тука, јас постојано во клубот укажувам на тоа дека
сакам луѓето кои се тука да бидат среќни, доколку не се, тие си заминуваат“
посочи тој.