Таткото на Нејмар ќе се сретне со Паратичи во Торино, може ли Јувентус до нова трансфер бомба?

by
1 минути читање

„Старата дама“
минатото лето реализираше трансфер бомба и го донесе Кристијано Роналдо во
своите редови за рекордни 112 милиони евра. Јувентус сега е пред комлетирање на
уште една голема зделка и ангажман на перспективниот Матајс де Лихт за 75
милиони евра.

На листата со
желби има уште неколку звучни имиња како Мауро Икарди и Пол Погба, а денеска се
појавија гласини и за можен трансфер на Нејмар.

Бразилецот сака
да го напушти ПСЖ ова лето и да се врати во Барселона, но една ваква зделка во
моментов изгледа прилично комплицирана. Па затоа Нејмар е понуден на уште
неколку клубови како Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Баерн Минхен и Јувентус.

Според новинарот Паоло
Паганини, кој работи како трансфер експерт за Раи Спорт, наскоро во Торино ќе
има средба помеѓу таткото на Нејмар и спортскиот директор на Јувентус, Фабио
Паратичи.

Останува да се
види дали Јувентус ќе може да изрежира уште една трансфер бомба, а судејќи по она како работи „старата дама“ на пазарот, се е можно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×