По Јовиќ, Ајнтрахт дебело наплати на уште еден напаѓач, Вест Хем го купи Алер за рекордни 50 милиони евра

by
1 минути читање

Бундеслигашот ова
лето веќе еднаш дебело наплати и го продаде Лука Јовиќ на Реал Мадрид за 60
милиони евра. Сега лидерите на Ајнтрахт Франкфурт направија уште една одлична
зделка која убаво ќе ја наполни клупската каса.

Напаѓачот
Себастијан Алер е продаден на Вест Хем, „чеканите“ за да го ангажираат
Французинот го соборија клупскиот рекорд и платија 40+5 милиони фунти односно
45+5 милиони евра.

„Орлите“ го донесоа
напаѓачот во своите редови пред две сезони од Утрехт и тоа за само 7 милиони
евра.

Себастијан Алер
со Вест Хем стави потпис на петгодишен договор со опција за уште додатни 12
месеци, а за новата авантура во кариерата рече: „Ова е навистина добра прилика
за мене. Ми значи многу тоа што сум рекордно засилување. Ја почувствував
желбата на клубот да ме ангажира и навистина сум среќен што потпишав. Ова е
амбициозен клуб, убав град со одлични фанови“.

„Можам да ви
гарантирам дека ќе дадам 100% за клубот бидејќи клубот покажа голема доверба во
мене. Знам дека трансферот е голем и ќе се очекува многу од мене. Јас само
сакам да ги направам луѓето горди и ќе го дадам максимумот секогаш кога ќе
истрчам на терен“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×