„Дебелкото“ ги трие рацете, „Кориере Дело Спорт“ објави колку Рајола ќе заработи за Де Лихт

by
1 минути читање

Како што и се
очекува, контроверзниот фудбалски агент Мино Рајола ќе заработи голема сума за
зделката која ја направи околу трансферот на Матијс Де Лихт од Ајакс во
Јувентус ова лето.

Се шпекулира дека
Ајакс и Јувентус веќе си подале рака за трансферот на 19 годишниот дефанзивец
кој ќе изнесува 70 милиони евра, меѓутоа, Старата дама ќе треба да му исплати и
одредена сума на Рајола.

Според
информациите кои ги објави „Кориере Дело Спорт“, се вели дека италијанскиот
агент ќе добие 10 милиони евра за таа зделка, а ова за него ќе биде уште еден
од многуте богати трансфери кои ги реализираше под негова капа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×