Филипе Кутињо не
ги оправда очекувањата по преселбата од Ливерпул и често се говори дека ќе биде
продаден ова лето. Тој се споменува како дел од трансферот со кој Нејмар ќе се врати
во Камп Ноу. Сепак, лидерите
на Барселона никогаш јавно не кажале дека плејмејкерот е на продажба, а ова го
потврди и Киа Јорабчијан, еден од агентите на Бразилецот.
Сепак тој жестоко
удри по „каталонците“ и обвини за двојни аршини со оглед на тоа
дека човекот од доверба Андре Кури (задолжен за Јужна Америка) притиска Филипе
Кутињо да заврши во ПСЖ.
„Пеп Сегура (генералниот
извршен директор) ми кажа дека Кутињо не е на продажба. Претседателот Жозеп
Мариа Бартомеу исто ми го повтори минатата недела. По ваквите пораки, ние не
бараме нова средина. Од почит кон Барса и нивната одлука дека Филипе останува,
ние не сме го понудиле играчот на друг клуб“ – вели Киа Јорабчијан во разговор
со Радио Монте Карло.
„Но дознав дека Андреа Кури работи спротивно од она што ни е кажано и притиска
Кутињо да заврши во ПСЖ како дел од зделката со која Нејмар треба да се врати
во Барса“.
„Очигледно Барса
не го почитува дадениот збор. Нема да дозволам Барса да лаже. Мораат да ја кажат
вистината! Доколку сакаат Кутињо да замине, треба јасно да го кажат тоа. Потоа
со играчот ќе одлучиме што е најдобро за неговата иднина“.