Мауро Икарди
официјално го напушти кампот на Интер по взаемна согласност а ќе продолжи со
работа самостојно во Милано, потврдија од клубот.
„Мауро Икарди
денеска ќе се врати во Милано од нашиот тренинг камп во Лугано (Швајцарија)“
стои во соопштението кое го објави Интер.
.@MauroIcardi se marchará hoy de Lugano y regresará a Milán.
El club y el delantero argentino han tomado esta decisión de común acuerdo.
Icardi continuará con el reacondicionamiento atlético en los próximos días y no participará en el Inter Summer Tour en Asia.#FCIM
— Inter (@Inter_es) July 13, 2019
„Клубот и
напаѓачот дојдоа до ваква одлука по заеднички договор, Икарди ќе продолжи со
претсезонските тренинзи во текот на следните денови, тој нема да биде дел од
нашата турнеја во Азија“ додаваат од таму.
Икарди и Раџа
Наинголан беа исклучени од тактичките тренинг сесии под водство на новиот
тренер Антонио Конте, тимот од Милано секако има во предвид дека ризикува да
биде тужен од страна на обајцата фудбалери, па така ангажираше нивен сопствен
тренер за тие да работат одвоено од тимот.
На Икарди и
Наинголан воедно им е соопштено дека се на трансфер листата за продажба,
истовремено јасно им е укажано на тоа дека не се дел од плановите на новиот
тренер Конте за идната сезона.
За услугите на
Икарди најголем интерес има од страна на Наполи и Јувентус, а во Италија на
големо пишуваат дека прва желба на аргентинскиот напаѓач е Јувентус.
Што се однесува
пак до Наинголан, во текот на вчерашниот ден „Тутоспорт“ објави дека во Интер
сериозно размислуваат да му дадат втора шанса на Белгиецот, особено по
семејните проблеми во кои тој се најде откако неговата сопруга објави дека се
бори со рак.