Македонецот изминативе денови силно се поврзуваше со преселба на Сан Паоло. Од таборот на „наполитанците“ потврдија дека се заинтересирани за Елиф Елмас но порачаа дека најпрво треба да се ослободат од играч(и) пред да го купат фудбалерот од средниот ред на Фенербахче.
Според добро упатениот новинар Џанлука Ди Марцио, Елиф Елмас следната недела ќе го комплетира трансферот во Наполи. Тој вели дека начелно е постигнат договор за зделка од 15-16 милиони евра плус бонуси и викендов ќе се пеглаат последните детали.
Се верува едка Наполи и Фенербахче ќе си подадат рака во следните 48 часа и популарниот „бисер“ во понеделник или некој ден подоцна ќе пристигне во Италија.
Во исто време Наполи работи и на продажба на Марко Рог, чие заминување треба да ја отвори вратата за Елиф Елмас. Ајнтрахт Франкфурт е во пол позиција за Хрватот, но во последен миг во битката се приклучи и Каљари, по трансферот на Николо Барела во Интер.