Во ПСЖ веќе
почнуваат да размислуваат за тоа како без првата ѕвезда Нејмар, се верува дека
иднината на Бразилецот е далеку од француската престолнина, а тимот од Париз
веќе работи на тоа да обезбеди замена за Нејмар.
Според известувањата,
прв на листата на желби е фудбалерот на Манчестер Сити, Лерој Сане, кој имаше
топло-ладна доверба од својот тренер во англискиот првак Пеп Гвардиола, за што
често беше поставувано прашањето околу иднината на Германецот.
Во Манчестер Сити
прават напори Сане да стави потпис на нов договор, меѓутоа, се чини дека не би
имале ништо против и да заработат доколку пристигне некоја богата понуда за
Германецот.
ПСЖ се обиде да
го ангажира Сане пред три години, меѓутоа Германецот го преферираше Сити,
меѓутоа малата минутажа под водство на Гвардиола можеби ќе придонесе 23
годишниот офанзивец да направи трансфер ова лето.
Во Манчестер Сити
немаат притисок по прашањето за Сане, тој има важечки договор со клубот до
2021. година, а освен ПСЖ, за Сане интерес има и од страна на германскиот првак
Баерн Минхен.