Таткото на Нејмар го обвини ПСЖ: Лути сме, не знам зошто го прават ова кога знаеа дека Нејмар нема да се појави

by
1 минути читање

Нејмар денеска не се појави на стартот на подготовките на ПСЖ, а францускиот клуб со соопштение го потенцираше тоа.

„Овој понеделник, 8. јули, Нејмар требаше да се врати за стартот на подготовките за новата сезона. Напаѓачот сепак не се појави на договореното место и време и тоа без дозвола од клубот. ПСЖ жали за ваквата ситуација и ќе превзеде соодветни чекори“, гласеше известувањето.

Брзо потоа таткото на Нејмар излезе со изјава во која тврди дека ПСЖ биле информирани за отсуството на неговиот син. 

„Имавме комерцијални и институционални активности, институцијата Нејмар го прави тоа пет години по ред во овој период. ПСЖ, со присуство на претседателот Насер Ал Келаифи, дури и партиципираше во овие работи“, вели таткото на Нејмар.

„Не ја разбирам причината за нивното соопштение. Лути сме, но ПСЖ знаеше за ситуацијата“.

Настанот на кој треба да се појави Нејмар е на 12 и 13 јули во Бразил, спонзориран од Ред Бул.

Нејмар сака да си оди од ПСЖ и веројатно е подготвен да почне и штрајк само да го натера клубот да го пушти да се врати во Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×